Алонсо се договори со Реал Мадрид, познати се деталите (Фото)

Реал Мадрид има ново тренерско решение – Чаби Алонсо ќе го преземе кормилото на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ и ќе го води тимот најмалку до јуни 2028 година. Договорот е целосно завршен, а двете страни постигнале целосен договор за тригодишна соработка.

Алонсо, кој се покажа како исклучително успешен стратег на клупата на Баер Леверкузен, се враќа во Мадрид, овојпат во улога на тренер, со цел да започне нова ера во историјата на клубот.

Со тоа, актуелниот тренер Карло Анчелоти ќе се прости од клупата на крајот на сезоната, а клубот најавува посебна церемонија во негова чест, како знак на благодарност за неговиот придонес во последните години.

Фото: Grok AI


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *