Maкeдонскта женска ракометна репрезентација денеска го стартува Европското првенство кое ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Ова Европско првенство ќе биде прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, а тие ќе се натпреваруваат во шест групи. Натпреварите ќе се играат во Деберецен, Базел и Инсбурк, титулата ја брани Норвешка која ги освои последните две првенства.
За Македонија ова ќе биде седмо учество и го обезбедивме со второто место во групата со Шпанија, ЛЛитванија и Азербејџан. Треба да се каже и дека за првпат по подолго време успеавме да врземе настапи на две европски првенства во низа.
Турнирот го започнуваме против Шведска и тоа денеска од 20:30 часот. Во наредните денови не чекаат натпревари со Турција на 30-ти исто така во 20:30 часот и на 2 декември кога ќе се соочиме со домаќинот Унгарија од 18:00.
Во вчерашните изјави пред првенството македонскиот селектор Кристијан Грчевски, но и нашата најдобра ракометарка Сара Ристовска порачаа дека Македонија најмногу шанси за победа во групата гледа во дуелот со Турција од второто коло.
Leave a Reply