Дончиќ ќе потпише сензационален договор со Лејкерс

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е пред финализирање на нов, сензационален договор со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, според кој би инкасирал импресивни 229 милиони американски долари за период од четири години, пренесуваат водечки американски спортски медиуми.

По неговиот трансфер од Далас Маверикс, Дончиќ брзо се етаблираше како клучна фигура во редовите на Лејкерс. Неговата брза адаптација и влијание на играта му донесоа респект од стручниот штаб и навивачите, а клубот не криел задоволство од неговите настапи.

Иако Лејкерс имаа солидна сезона во регуларниот дел од првенството, нивното учество во плејофот заврши порано од очекуваното. Сепак, Дончиќ импресионираше со индивидуалниот учинок – со просек од 30,2 поени, 7 скокови и 5,8 асистенции по натпревар.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *