Барселона ги потврди лошите вести за Кунде

by

in

Францускиот напаѓач Жил Кунде е еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона, но сега се повреди и му претстои долга пауза.

„Тестовите извршени утрово покажаа дека Кунде има повреда на феморалниот бицепс на левата бутина. Враќањето на динамиката во тимот ќе биде утврдено подоцна“, се вели во соопштението на клубот.

Шпанските медиуми истакнуваат дека Французинот ќе биде надвор од терените најмалку две недели, што значи дека нема да игра на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер следната недела во Милано, како и на „Ел Класико“ во кое Барселона го пречекува Реал.

Кунде би се вратил најверојатно во финалето на Лигата на шампиони, доколку Барселона го елиминира Интер.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *