Финалето во Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, вака одлучи Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.
Вардар и Струга ќе се борат за пехарот, мечот се игра на 21 мај од 20 часот.
Вардар е во финалето првпат по пауза од 18 години, додека Струга играше во мечот за пехарот пред две години и загуби од Македонија ЃП на пенали.
Leave a Reply