Неславната епизода на Кристофер Нкунку во Лондон наскоро може да заврши.
Според бројни извори, Французинот донел одлука да го напушти Челзи на крајот на сезоната.
Нкунку не е во прв план кај Енцо Мареска, затоа што за Италијанецот тандемот Кол Палмер – Николас Џексон е незаменлив и Французинот сака да го напушти “Стамфорд Бриџ”.
Тој веќе ги договорил личните услови со Баерн, кој уште во јануари сакаше да го доведе на позајмица.
Нкунку е спремен да се врати во Бундеслигата каде ја доживеа својата афирмација во дресот на Лајпциг.
Leave a Reply