Во рамките на 33. коло од Серија А, тимот на Парма приреди изненадување совладувајќи го Јувентус со 1-0. Торино и Елмас запишаа нова победа.
Парма со гол на Пелегрино во судиското продолжение од првото полувреме го победи Јувентус со 1-0 и му зададе удар во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Киксот на Јувентус го искористи Лацио кој со голови на Кастељанос и Диа со 2-0 победи на гостувањето кај Џенова.
Елиф Елмас и Торино славеа против Удинезе со 2-0 на домашен терен. Елмас одигра 75 минути и беше стартер во својот тим, а головите ги постигнаа Че Адамс и Али Дембеле.
Leave a Reply