Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови победи за водечките тимови во шампионатот.
Работнички успеа да направи пресврт и да слави против Пелистер со резултат 2-1. Битолчани први се радуваа на гол преку Ивановски во 39. минута, но второто полувреме беше во знакот на Гандо, кој со два прецизни удари во 65. и 88. минута донесе целосен пресврт и победа за дебармаалци.
Шкендија се соочи со неочекувано тежок натпревар против Беса, но на крајот сепак успеа да се радува на триумф од 2-3.
Возбудувањата продолжија и во Чаир, каде што Силекс славеше важна гостинска победа против Шкупи со резултат 1-2. Кратовци покажаа зрелост и цврстина во клучните моменти од натпреварот.
Во битката за опстанок, Тиквеш обезбеди три клучни бодови победувајќи го тимот на Брера со 2-1, со што ги задржа надежите за останување во елитното друштво.
Фото: ФК Работнички/FB
Leave a Reply