Натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар беше прекинат на околу 15 минути пред последниот свиреж, откако играчите на домашниот тим одлучија да го напуштат теренот при резултат 1-1.
Охриѓани поведоа во првото полувреме со погодокот на Осеи, а гостите од Скопје израмнија во 74-тата минута по спорна ситуација во шеснаесетникот на Воска. Незадоволството на домашните фудбалери беше очигледно, при што следуваа бурни реакции, но играта накратко продолжи.
Сепак, неколку минути подоцна натпреварот беше дефинитивно прекинат, откако фудбалерите на Воска Спорт демонстративно го напуштија теренот, незадоволни од судиските одлуки.
Leave a Reply