Валенсија игра во одлична форма – седум меча по ред не знае за пораз (Видео)

Фудбалерите на Валенсија продолжуваат со импресивната низа без пораз, откако денеска одиграа нерешено 1-1 на гостувањето кај Рајо Ваљекано.

Ова беше седми последователен натпревар на кој „лилјаците“ не го почувствуваа вкусот на поразот, серија која започна по поразот од Атлетико Мадрид на 2 март.

Денешниот натпревар на „Ваљекас“ понуди изедначена борба на теренот, со резултат кој најверојатно ги задоволи и двата табора. Рајо Ваљекано прв стигна до предност благодарение на автоголот на Тарега, кој во самиот финиш на првото полувреме несреќно ја смести топката во сопствената мрежа. Домашниот тим замина на пауза со минимална предност и мала психолошка предност.

Во второто полувреме, Рајо се обиде да го задржи водството, прикажувајќи нешто поорганизирана игра. Но, Валенсија не се предаде и успеа да израмни резултат преку Умар Садик, кој погоди околу 15 минути пред крајот, носејќи вреден бод за својот тим.

Фото: Valencia/FB


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *