Нема да биде само Арнолд: Реал Мадрид ќе се засили со уште шест фудбалери!?

Неочекувано разочарувачката сезона на Реал Мадрид би можела да резултира со сериозни промени на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Претходно се шпекулираше дека единствениот голем трансфер ќе биде оној на Трент Александер-Арнолд, кој на крајот на сезоната треба да стане слободен агент. Но, падот на формата и неуспешните настапи на домашна и европска сцена натераа раководството на „кралевите“ да размислува многу пошироко.

Во фокус повторно се најдоа две веќе добро познати имиња на шпанската фудбалска сцена: Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, како и левиот бек на Џирона, Мигел Гутиерес, кој своевремено беше дел од младинската школа на Реал Мадрид.

Сепак, тоа не е сè – се најавува и поширока трансфер офанзива, со планови за ангажман на најмалку уште четворица нови играчи: централен дефанзивец, десен бек, уште еден креативен играч за средниот ред, како и можен напаѓач доколку се појави соодветна опција на пазарот.

Фото: Real Madrid/FB


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *