Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига Европа, совладувајќи го Лион по неизвесен и полн со пресврти натпревар. Покрај возбудувањата на теренот, вниманието на медиумите го привлече и инцидентот со дефанзивецот Нусаир Мазрауи.
Според информациите на британскиот „Би-Би-Си“, Мазрауи имал итна семејна ситуација за која бил информиран непосредно пред почетокот на второто полувреме. Веднаш побарал замена и во договор со стручниот штаб го напуштил стадионот.
Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, наводно бил изненаден од ситуацијата и имал краток разговор со играчот во соблекувалната, но целосно ја разбрал неговата одлука.
Фото: Manchester United/FB
Leave a Reply