Дончиќ: Далас ми го скрши срцето, мислев дека некој се шегува со мене

НБА светот е во неверување по неочекуваната размена во која Словенечкиот ас Лука Дончиќ ги напушти редовите на Далас Маверикс и се пресели во Лос Анџелес Лејкерс. Во спротивен правец замина ѕвездата на Лејкерс, Ентони Дејвис – трејд што веќе се смета за еден од најконтроверзните потези во поновата историја на лигата.

Дончиќ, кој со години беше главниот адут и миленик на навивачите во Далас, првпат јавно проговори за тоа како ја дознал веста и какви чувства го обземале во моментот.

„Лежев во кревет кога стигна веста. Прво помислив дека некој се шегува, ми изгледаше како првоаприлска шега. Бев во целосен шок. Чувствував тага и горчина – Далас беше мојот дом, моето срце. Ми го скршија срцето,“ откри емоционално Дончиќ.

Фото: Принтскрин