Флик го крена гласот: Тој што го прави ова нема врска од фудбал

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, избегнуваше да се жали во поголемиот дел од сезоната, со неколку исклучоци околу судењето, но кога е во прашање распоредот на натпреварите, по втор пат оваа година, тој не се воздржа.

„Не сакам да се бунам, ниту да барам оправдувања, но морам да искоментирам. Навистина сакам да го видам човекот кој го одредува распоредот во Ла Лига.Ова е вистинска смешка, тој што го прави распоредот, нема врска со фудбал. Ла Лига треба да биде горда што има шпански претставник во Европа, не можам да поверувам какви одлуки се носат.

„Секоја Федерација се грижи за своите клубови, но тука изгледа не е така. Во Бундеслигата се внимава на секој клуб што ја претставува земјата во Европа, а тука се прават дека не знаат што значи да се вратите дома во 6 часот наутро, а потоа за два-три дена да излезете на терен“, порача Флик.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *