Тажна вест: Почина поранешен младинец на Jунајтед!

По победата во драматичниот натпревар против Лион во четвтфиналето од Лигата на Европа, Манчестер јунајтед денеска објави и тажна вест.

По долга борба со болеста која траеше повеќе од 10 години, на 36-годишна возраст почина Џо Томпсон.

Тој беше дел од академијата на Манчестер јунајтед, важеше за голем талент, но не го оствари, во сениорскиот фудбал играше за екипите на Рочдејл, Транмере Роверс, Бјури, Врексем, Карсли јунајтед.

Се најавуваше дека во 2014 година може да се врати на терените откако целосно го победи ракот, но во 2017 година болеста по вторпат му се врати, а и тогаш успеа да победи. За жал не успеа ја доби и третата битка откако му беше дијагностициран лимфом во четвта фаза минатата година.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *