Една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Лионел Меси одговараше на прашања за својата кариера и призна дека сакал да се врати во Барселона.
„По крајот на мундијалот во Катар, не се гледав во друг европски клуб, освен во Барселона. Мојата цел беше да се вратам во Барселона. Сакав да се вратам дома, онаму кадешто почна се за мене. За жал, поради одредени околности трансферот беше невозможен. На крајот, донесов одлука со моето семејство да заминеме во Мајами. Дојдовме во САД за да доживееме едно сосема поразлично искуство од она на што бевме навикнати“, изјави Меси, кој потоа проговори за пензионирањето.
„Како што реков, фокусиран сум на сегашноста, но би излажал ако кажам дека не размислувам за Светското првенство. Да, мислам на него. Оваа година ќе биде клучна во однос на донесувањето одлуки за мојата иднина. Сакам да го најдам вистинскиот ритам, да најдам конзистентност“, вели Меси.
Leave a Reply