Трент Александр-Арнолд на крајот од оваа сезона ќе го напушти Ливерпул бидејќи реши кариерата да ја продолжи во дресот на Реал Мадрид.
За „Црвените“ ова сигурно е голем удар, но на „Енфилд“ нема паника бидејќи веќе нашле фантастична замена за англискиот репрезентативец.
Додека чекаа да се одлучи дали ќе го продолжи договорот или не, раководството на Ливерпул сакало да биде подготвено за неговото заминување и веќе барало решение кого ќе донесат да игра на позицијата десен бек во иднина.
Како што пишува „Дејли Рекорд“, во Ливерпул се одлучни летово да го донесат Јереми Фримпонг кој игра одлично во дресот на Баер Леверкузен, при што нивна предност е што и тој самиот е многу заинтересиран кариерата да ја продолжи во дресот на Ливерпул.
Leave a Reply