Во реванш натпреварот од четвртфиналето во Конференциската лига фудбалерите на Јагелонија и Бетис ремизираа 1:1.
Бетис оди во полуфиналната фаза од натпреварувањето откако на првиот меч во Шпанија триумфираше со 2:0.
Непосредно пред крајот на првото полувреме Полјаците постигнаа гол преку Хансен, но истиот беше поништен поради офсајд после ВАР снимката.
Во 78 минута гостите поведоа со голот на Бакамбу, а домаќините го избегнаа поразот благодарение на погодокот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во 81 минута.
Полуфиналист е и тимот на Фиорентина кој иако одигра нерешено (2:2) дома против Целје, во првите 90 минути во Словенија, славеше италијанскиот претставник со 2:1.
Leave a Reply