Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата на Лион

Француските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед има сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки.

Черки е офанзивен играч кој ги покрива и крилните позиции, а може да игра и како плејмејкер. Израснат е во школата на Лион и моментално се смета за најперспективниот француски талент.

Поради финансиските проблеми на Лион, Черки на лето најверојатно ќе биде продаден, а интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *