Чурлинов му даде гол на Бетис, но Јагелонија остана без полуфинале (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците за полскиот тим Јагелонија, овојпат во натпревар од Конференциската лига против силниот шпански претставник – Реал Бетис.

Чурлинов одигра извонреден натпревар, покажувајќи висока мотивација и борбен дух. Во текот на мечот беше меѓу најактивните играчи на теренот, особено во офанзивниот дел, постојано создавајќи притисок врз одбраната на Бетис. Својот труд го круниса со погодок во 81. минута, кога по една самостојна акција успеа да ја одземе топката, да се пробие низ одбраната и со прецизен удар да израмни на 1-1.

Иако неговиот гол донесе надеж за драматичен финиш, тоа не беше доволно за Јагелонија да се пласира понатаму. Шпанците ја обезбедија следната рунда благодарение на победата од 2-0 во првиот натпревар.

Фото: Jagellonia FC/FB


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *