Омерагиќ ги пречека челните луѓе на Црвена Звезда во „Куќата на фудбалот“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска оствари работна средба со делегација од српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда, во просториите на „Куќата на фудбалот“ во Скопје.

Во состав на српската делегација беа генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ, и претседателот Светозар Мијаиловиќ, додека од македонска страна на состанокот присуствуваше и спортскиот директор на Вардар, Игор Ивановски.

„Ни беше чест да бидеме домаќини на раководството на Црвена Звезда – еден од најдобрите клубови на нашите простори, но исто така, клуб што отсекогаш бил поврзан со македонскиот фудбал и народ. Црвена Звезда не е само спортски гигант, туку и модел на организација и професионализам кој треба да се следи. Доколку сакаме македонскиот фудбал да се доближи до европските стандарди, мора да учиме од најдобрите во регионот и да градиме партнерства. Пријателските односи се од клучно значење за иднината на нашиот фудбал“, кажа Омерагиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *