Екс-вардарката Лекиќ ќе се пензионира на крај на сезоната (Видео)

Српската ракометарка и поранешна членка на Вардар, Андреа Лекиќ, официјално објави дека на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на својата богата и успешна кариера.

Преку емоционална објава на социјалните мрежи, Лекиќ ја соопшти својата одлука да се повлече од професионалниот ракомет.

Андреа Лекиќ остави длабока трага и во македонскиот ракомет, настапувајќи за скопски Вардар од 2013 до 2018 година – период во кој клубот се издигна до самиот врв на европската ракометна сцена.

Покрај Вардар, нејзината импресивна кариера вклучува настапи за некои од најголемите европски клубови: унгарскиот Ѓер, романскиот ЦСМ Букурешт, црногорската Будуќност и Ференцварош.

View this post on Instagram

A post shared by Andrea Lekic (@lekicandrea)

Фото: Принтскрин