Младите ракометари на македонскиот претставник Пелистер забележаа импресивна победа над Кјелце со резултат 37-29, во полуфиналниот дуел од групата 4 во Лигата на шампионите.
Од самиот старт на натпреварот, битолчани наметнаа висок ритам и доминираа на теренот. По само десет минути игра имаа убедливо водство од 8-3, кое постојано го зголемуваа со сигурна и организирана игра. На полувреме заминаа со двоцифрена предност од 22-11, оставајќи ги Полјаците без одговор на брзата и агресивна игра на Пелистер.
Во вториот дел, Кјелце се обиде да се врати во натпреварот, но бројните грешки и непрецизни напади беа казнети од македонскиот тим, кој стигна до водство од 25-12. Иако во финишот малку го намалија интензитетот, ракометарите на Пелистер ја задржаа контролата и на крај славеа сигурна и заслужена победа.
Најрасположен за игра кај македонскиот тим беше Хаџиќ, кој натпреварот го заврши со дури 14 постигнати голови, и беше вистински лидер на теренот.
Фото: РК Пелистер
Leave a Reply