Интер одигра херојски натпревар и го елиминираше Баерн Минхен од четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако ремизираше на реваншот на „Џузепе Меаца“ со конечни 2-2
Хари Кејн го отвори резултатот во 52. минута, но потоа следуваше пресврт на домаќините со головите на Лаутаро Мартинез и Бенжамин Павар во 61. минута.
Баерн имаше вистинска канонада на голот на Интер до крајот и успеа да дојде до израмнување од 2:2, но „нероаѕурите“успеаа да се одбранат и да ја задржат предност од првиот меч.
Така Интер се пласираше во полуфинале каде ќе ги одмери силите со Барселона.
Leave a Reply