Натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда ќе може да се проследи и во директен пренос

Вечерва во Скопје од 20:00 часот ќе се игра натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда за кој имаше голем интерес од јавноста и се очекува на трибините на Арената да има над 20.000 навивачи.

Натпреварот ќе може да го проследат и оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на стадионот во Скопје бидејќи ќе се пренесуваа на МТВ и „Арена Премиум 3“ каналот.

Ќе потсетиме, натпреварот има хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе се донираат на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Билетите се продаваат по цена од 100 и 200 денари.

Фото: ФК Вардар


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *