Фудбалската икона на Рома, Франческо Тоти, изрази уверување дека Карло Анчелоти би бил идеален кандидат за тренерската позиција во клубот од италијанската престолнина. Според Тоти, токму искуството, харизмата и длабоката поврзаност на Анчелоти со Рома го прават природен избор за оваа улога.
Сè уште е неизвесна иднината на Анчелоти во Реал Мадрид, а медиумските шпекулации сè почесто наведуваат дека постои сериозна можност да се раздели со „кралскиот клуб“ по завршувањето на актуелната сезона.
Иако Анчелоти има блескава тренерска кариера и освоени трофеи со неколку големи европски клубови, досега никогаш не го водел тимот на Рома.
Фото: Real Madrid/FB
Leave a Reply