Трајковски погоди во 98. минута за Хајдук: Успеавме да освоиме бод, иако сакавме победа (Видео)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски стана вистински херој за Хајдук Сплит, откако во самиот финиш на натпреварот – во 98. минута – постигна гол за израмнување против Локомотива, носејќи важен бод за својот тим на домашен терен.

Иако сезонава добива ограничена минутажа, а неодамна кружеа шпекулации за негов можен замин на крајот од сезоната поради тоа што тренерот Џенаро Гатузо не го вклучува често во ротацијата, Трајковски ја искористи укажаната шанса на најдобар можен начин.

„Во такви ситуации мораш да реагираш инстинктивно. Се обидував да ја прочитам играта, чувствував дека има празен простор на втората статива и таму се позиционирав. Успеавме да освоиме бод иако целевме кон победа. Се надевам дека ова ќе ми донесе повеќе минутажа, бидејќи имам што да понудам на овој тим“, вели Трајковски.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *