Аталанта по три порази по ред конечно триумфира во Серија А

По три последователни порази, фудбалерите на Аталанта конечно се вратија на победничкиот пат во Серија А, совладувајќи ја директната конкурентка Болоња со 2-0 во значаен дуел за пласман во европските натпреварувања.

Тимот од Бергамо ја започна средбата агресивно и наметна висок ритам уште од првиот свиреж на судијата. Веќе во третата минута, Џанлука Ретегуи го отвори резултатот и ја донесе Аталанта во водство, а само неколку минути подоцна, Марио Пашалиќ ја удвои предноста со прецизен удар, поставувајќи го конечниот резултат уште во првото полувреме.

Во продолжение од натпреварот, „нероаѕурите“ успешно го контролираа темпото и не ѝ дозволија на Болоња да се врати во игра, осигурувајќи вредни три бода кои ги искачија на третото место на табелата со вкупно 61 бод.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *