Алкараз за првпат во кариерата го освои Монте Карло

—

by

in

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз блесна на терените во Монте Карло, освојувајќи го својот прв трофеј на овој престижен Мастерс турнир, и тоа со неверојатен пресврт против Италијанецот Лоренцо Музети. По загубениот прв сет, Алкараз се врати во натпреварот со импресивна игра и на крајот славеше со 3-6, 6-1, 6-0.

Натпреварот започна ветувачки за Музети, кој и покрај тоа што го загуби својот прв сервис-гем, успеа да се стабилизира и со два брејка поведе со 3-1, за потоа сигурно да го затвори сетот во своја корист со 6-3.

Но, од тој момент натаму, сцената ѝ припаѓаше на Алкараз. Во вториот сет тој влезе со далеку поголема енергија и самодоверба, освојувајќи пет гема по ред (5-0), а сетот го заврши со убедливи 6-1. Доминацијата продолжи и во одлучувачкиот трет сет, каде што младиот Шпанец не му дозволи ниту еден гем на својот противник, победувајќи со максимални 6-0.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *