Според информации од италијанските медиуми, голманот Мајк Мењан и Милан се во напредни преговори за продолжување на неговата соработка.
Мењан ја зацврсти својата позиција како еден од најдобрите европски голмани и претставува клучна фигура во тимот на Милан.
Милан предложи нов договор до 2028 година, вклучувајќи значително покачување на платата на 6 милиони евра годишно, што ќе го направи еден од најдобро платените играчи во тимот.
Мењан преферира да остане на „Сан Сиро“ и ја прифатил понудата, па наскоро ќе стави потпис на новиот договор.
Фото: АЦ Милан
Leave a Reply