Томовски на крај на сезоната го напушта Потсдам

by

in

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски на крајот од актуелната сезона ќе ја заврши својата епизода во германскиот клуб Потсдам, и покрај одличната форма што ја прикажува во последните натпревари.

Денеска клубот официјално објави дека Томовски е еден од петтемина играчи кои нема да бидат дел од ростерот за следната сезона.

Томовски, кој има 27 години, ја започна својата професионална кариера во редовите на македонскиот клуб Металург. Подоцна замина во Германија каде настапуваше за Лудвигсхафен во Бундеслигата. По неколку сезони, се врати во Македонија и бранеше за Вардар, а потоа повторно доби ангажман во Германија, овој пат во тимот на Потсдам.

Фото: РФМ


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *