Панче Стојанов е назначен за шеф на стручниот штаб на Брера Струјмица завчера Тони Атанасов си поднесе оставка од оваа функција по поразот од Вардар.
Стојанов беше помошник на Атанасов во овој дел од првенството и заедно го водеа тимот низ предизивиците од овој дел на сезоната.
49 годишниот Панче Стојанов е добро познат на фудбалската јавност во земјава. Беше фудбалер во повеќе мак клубови. Настапуваше за Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Стојанов беше и тренер во младинските категории на Брера, а во 2018 та година го предводеше сениорскиот состав кога за првпат струмичкиот клуб заигра во Првата лига.
Панче Стојанов на клупата на Брера како прв тренер ќе дебитира веќе утре во првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија против Вардар.
Фото: Брера Струмица/ФБ
Leave a Reply