Првиот човек на Торино, Урбано Каиро, сериозно размислува да го откупи договорот на Елиф Елмас од Лајпциг.
Елмас е вистинско освежување за Торино оваа пролет, а со одличните настапи го убеди италијанскиот клуб да го откупи.
„Елмас? Ремек-дело е голот против Верона. Среќни сме што е тука, ќе се обидеме да го задржиме. Во овој момент не сме размислувале, ова прашање ќе го решаваме по крајот на сезоната“, изјави Каиро.
Кога потпиша за Торино, клубот доби опција по завршувањето на сезоната да го откупи од Лајпциг за 17 милиони евра.
Leave a Reply