Ѕвездата на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, па е посочен како идеален наследник на Де Брујне.
Тој минатото лето остана во Леверкузен, но на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината, а битката за неговиот потпис веќе започна.
Сити на лето ќе остане без Де Брујне, па нема да жали пари да го доведе Германецот на „Етихад“.
Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола спремил понуда од 100 милиони фунти за Виртц.
Leave a Reply