Мурињо доби суспензија откако го фати неговиот колега за нос (Видео)

by

in

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, заработи суспензија од три натпревари по инцидентот што се случи по крајот на дербито против вечниот ривал Галатасарај. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција ја изрече оваа казна поради физички контакт меѓу Мурињо и тренерот на Галатасарај, Окан Бурук.

Имено, по завршување на натпреварот, кој заврши со победа за Галатасарај, емоциите меѓу двете страни кулминираа. Според извештаите, Мурињо бил испровоциран од својот колега, по што реагирал импулсивно и го фатил за нос – потег што не помина незабележано.

Фото: Printscreen


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *