Ивановски со одлична игра се избори за осминафинале во Опатија

by

in

Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа сигурна победа и обезбеди пласман во второто коло на ИТФ фјучерс турнирот што се одржува во Опатија.

Во првото коло, Ивановски се соочи со данскиот тенисер Кејн Бонсах Генлеј, при што триумфираше со 2-0 во сетови (6-4, 7-5) по 103 минути игра. Македонскиот тенисер доминираше во клучните моменти од мечот, а тоа се одрази и во вкупниот број освоени поени, каде што имаше предност од 74-64.

Во следната фаза, Ивановски ќе ги одмери силите со шестиот носител на турнирот, Украинецот Вјачеслав Биелински, во обид да продолжи со одличните настапи и да се избори за следното коло.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *