Првиот човек на Гостивар донираше еден милион денари за настраданите во трагедијата во Кочани

ФК Гостивар и Слога Виница вчера одиграа хуманитарен пријателски натпревар за ужасниот настан кој се случи во Кочани.

Мечот почна со минута молчење, а сите приходи од влезниците и донации од гледачите ќе бидат донирани на семејствата кои се погодени од големата трагедија во Кочани.

Пред овој меч сопственикот на Гостивар, донираше милион денари за помош на семејствата.

Емотивен момент имаше во 59. минута кога судијата за момент го прекина натпреварот во чест на 59 жртви кои загинаа во дискотеката „Пулс“.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *