Белами: Сочувство за Македонија, целиот Велс жали со вас

Селекторот на Велс Крег Белами се осврна на големата трагедија што ја погоди нашата држава пред утрешниот меч во Скопје.

„Пред се, би сакал да изразам сочувство на семејствата на жртвите на трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс се имаме соочено со многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас заради трагедијата. Тешко е да се зборува за фудбал во ова време“, изјави Белами.

„Последните денови направивме анализа на Македонија, се работи на тим кој има добри контри. Ќе мора да ги запреме и добрите индивидуалци на тимот Плус, Македонија ќе биде многу мотивирана“, изјави Белами.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *