Милевски: Мислам дека Велс е најсериозен ривал откако сум селектор!

Македонија во второто коло од квалификациите за СП 2026 игра против Велс, а селекторот Благоја Милевски кажа дека добро го анализирале ривалот.

Милевски вели дека мора да бидат максимално ако сакаат позитивен резултат.

„Велс го анализиравме, не само на вчерашниот натпревар, туку и на сите натпревари откако имаат нов селектор. Мораме да бидеме максимално фокусирани, ако сакаме позитивен резултат. И пред натпреварот со Лихтенштајн кажав дека, емоциите се тука. Целата подготовка за овие натпревари е тешка, па поради тоа ова можеби е најтешкиот натпревар. Но, ако можеме на некој начин да се одолжиме и да дадеме поддршка на настраданите, тоа е со добра игра и победа“, вели Милевски.

Милевски посочи дека Велс е фаворит, но и покрај тоа ќе се обидат да го изненадат.

„Не сме фаворити, Велс ја има таа улога. Велс има фудбалери кои се натпреваруваат во Премиерлигата и Чемпионшип-лигата. На нас е да се подготвиме на највисоко ниво и да се обидеме да изненадиме. Кажав и претходно дека утре мораме тактички и физички да бидеме совршени ако сакаме позитивен резултат. Велс можеби е најсериозниот противник од кога сум јас тука. Станува збор за една квалитетна репрезентација и нè чека многу сериозен противник, ќе видиме како Македонија ќе одговори“, додава селекторот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *