Миовски има еден од најдобрите голови на стартот на квалификациите (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Вадуц и на одличен начин го отвори настапот во квалификациите за Светското првенство, славејќи убедливо над Лихтенштајн со резултат 0-3.

Конечниот резултат го постави Бојан Миовски, откако мајсторски ја искористи фантастичната асистенција со надворешен ефе на младиот бек Бојан Илиевски. Токму оваа комбинација и голот на напаѓачот на Жирона привлекоа внимание и беа издвоени меѓу најубавите погодоци во првото коло од квалификациите.

За неа може да гласате ТУКА.



Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *