Фудбалерите на Англија вечерва во натпреварот од првото коло во квалификациите за Светското првенство славеа победа над Албанија со 2-0.
Резултатот го отвори Луис-Скели со голот во 20-тата минута со кој испиша и историја станувајќи најмладиот стрелец дебитант за Англија.
Тоа беше и единствениот гол по првите 45 минути, а конечниот резултат го постави Хари Кејн во 77. минута.
Со голот на Левандовски, Полска успеа да слави против Литванија со 1:0.
Во Букурешт селекцијата на БиХ успеа да слави со 0:1 на гостувањето кај Романија, a трелец беше Гиговиќ во 14.минута.
Leave a Reply