Ѓоковиќ победи во Мајами

by

in

Новак Ѓоковиќ го победи Ринки Хиџиката од Австралија со 6-0, 7-6 во дуел од второто коло на Мастерсот во Мајами.

Србинот тргна фуриозно и првиот сет го доби за само 27 минути игра и без загубен гејм, но во вториот имаше многу мака, мораше да игра и тај-брејк за да го освои против 86-тиот на АТП листата.

Во вториот сет кој донесе поголема борба видовме и поголема храброст од Ѓоковиќ со излегување на мрежа, брејкови немаше, а Србинот беше подобар во тај-брек.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *