Мексиканскиот фудбалски клуб Леон нема да учествува на претстојното Светско клупско првенство откако Светската фудбалска куќа (ФИФА) утврди дека не можат да ги исполнат сопственичките критериуми поради блиските врски со Пачука.
Комисијата за жалби на ФИФА ја донесе оваа одлука откако ги разгледа дисциплинските постапки против мексиканските тимови Пачука и Клуб Леон.
Утврдено е дека овие клубови ги прекршиле пропишаните правила за сопственост на повеќе клубови.
Поради ова, ФИФА одлучи да го суспендира учеството на клубот чиј најпознат играч е Хамес Родригез, поранешен член на Реал Мадрид и колумбиската репрезентација.
Светското клупско првенство ќе се игра од 14 јуни до 13 јули во САД. Ќе учествуваат 32 клуба, а подоцна ќе биде објавено кој ќе го замени Клуб Леон.
Leave a Reply