Хрватска ја победи Франција, Германија со пресврт во Милано

Хрватска со 2-0 ја совлада Франција на Пољуид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации, Германија со 2-1 ја совалда Италија на гостински терен, Португалија загуби во Данска со 1-0, а Холандија и Шпанија одиграа 2-2.

Италија поведе со голот на Тонали и изгледаше како далеку подобар тим во првиот дел, но откако не ја искористи иницијативата за посигурна предност, во второто полувреме дојде до пресврт.

По четири минути игра во вториот дел Германија израмни со гол на нововлезениот Клеиндинст,на 15 минути до крајот на мечот Горецка даде гол за победа на Германците од 2-1.

Хрватска направи крупен чекор кон полуфиналето откако со 2-0 ја совлада Франција.Во 26. минута Будимир донесе водство од 1-0, а пред крајот на првото полувреме Перишиќ зголеми на 2-0.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *