Фудбалскиот клуб Челзи силно се интересира за Рафаел Леао, ѕвездата на Милан и португалски репрезентативец.
Леао блеска во дресот на Милан, привлекувајќи го вниманието на многу европски фудбалски гиганти.
Милан, сепак, одбива да ги прифати сите понуди кои досега пристигнале, но Челзи има понуда која тешко се одбива.
„Сините“ се спремни да го понудат Жоао Феликс, кој игра на позајмица во Милан, плус Мадуеке и Чалоба, за кои „росонерите“ се заинтересирани.
Leave a Reply