Финалето на Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2026/2027 ќе се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“ каде што настапува Атлетико Мадрид.
Оваа информација ја откри претседателот на шпанската фудбалска федерација Рафаел Лузан, а ја пренесува „Марка“.
„Оваа година Шпанија го има финалето на Лига Европа на ‘Сан Мамес’ во Билбао, а ние исто така го имаме загарантирано финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2027 година на стадионот ‘Метрополитано’ во Мадрид. ќе бараме да угостиме и едно европско финале во Севиља, имаме сјајна инфраструктура овде за одлично да го организираме настанот“, истакна Лоузан.
Leave a Reply