Крилото на Милан Кристијан Пулишиќ постигнал договор со клубот за продолжување на договорот под подобрени финансиски услови, пренесува весникот Газета дело Спорт.
Платата на Пулишиќ ќе биде зголемена од 4 милиони евра на сезона на околу 5 милиони годишно, што ќе го направи еден од најплатените фудбалери на Милан.
Во моментот, токму Пулишиќ е водечкиот стрелец на Милан во сите турнири заедно со Тижани Рејндерс.
Новиот договор на Американецот ќе биде до крајот на сезоната 2028/2029.
Leave a Reply