Македонските репрезентативци обединети во тагата

Македонските репрезентативци денеска се собраа за почетокот на подготовките за квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Лихтенштајн и Велс.

Ужасната трагедија во Кочани ги потресе сите во Македонија, а тоа можеше да се забележи и кај фудбалерите за време на собирот и на првиот тренинг.

„Обединети во тагата! Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир. Македонска А репрезентација“, гласи пораката која е испратена по одработениот тренинг.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *