Македонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Трапановски постигна гол за Данди Јунајтед во дербито против Данди и го прослави на емотивен начин.
Македонецот погоди во 49. Минута, но наместо да се радува, тој погледна кон небото и голот го посвети на настраданите луѓе во Кочани.
Трапановски клекна на колена и се помоли за жртвите од трагедијата во Кочани, изразувајќи сочувство кон семејствата на настраданите.
Leave a Reply