Пет европски гиганти го сакаат напаѓачот на Лил

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето.

Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.

Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па на лето ќе биде слободен агент.

Битката за неговиот потпис веќе започна, а најсилен интерес покажуваат Ливерпул, Интер, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Барселона.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *